Дирекцијата за заштита и спасување денеска во Зрновци спроведе едукативно предавање за учениците од шесто до деветто одделение при ОУ „Синиша Стоилов“.
Едукацијата е во рамки на одбележување на Месецот на превенција од закани од земјотреси што Дирекцијата за заштита и спасување ги спроведува во училишта низ Македонија.

– Денеска сме во Зрновци по повод кампањата Месецот на превенција од закани од земјотреси. Нашата главна цел е едукација на тема препораки и насоки во случај на земјотрес, преку едукативно предавање за најмладите да се заштитат и да бидат подготвени како и да им ја посочиме важноста на превенцијата и начин како да се постапува во случај на земјотрес, рече Мирослав Трајковски од ДЗС.
Националната кампања на Дирекцијата за заштита и спасување има превентивна цел и е насочена кон младата популација како загрозена група на лица.
