По потпишаниот договор за соработка и подршка во управувањето со посебните текови на отпад на ЕЛС помеѓу општина Зрновци и Друштвото за управување со отпад „Елколект“, со донесена одлука за одредување на локација на улица “Авној” поставени се контејнери за собирање и селектирање на електричен и електронски отпад , и помали садови за собирање на електричен отпад во Локалните институции на територија на општина Зрновци.
– Сите заедно, совесно и одговорно со собирање и правилно селектирање на отпадот можеме да придонесеме кон подобрување на животната средина и остварување на одржливи практики кои ќе имаат долготрајни и позитивни ефекти во нашата општина, напиша градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.