Во Зрновци почна реализацијата на три инфраструктурни проекти

Локалната самоуправа на Општина Зрновци започна со реализација на градежни активности на три клучни инфраструктурни проекти во општината.

Како што информираше градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев

– Денес започнуваме со реализација на три клучни проекти за граѓаните и посетителите на општина Зрновци. Изградба на тротоар на улица „Илинденска“, значително зголемување на безбедноста на пешаците и менување во урбан модерен административен влез во општина Зрновци. Изградба на Резервоар за водоснабдување од 60 кубика во село Видовиште, градба која што ќе исполни една целина со функционален водоснабдителен систем по претходен изграден нов главен цевковод и каптажа за физичко прочистување. Децениските проблеми на жителите во село Видовиште со водоснабдување, остануваат во минатото. Изградба на Армирано-бетонска преграда на Морошка река, мини акомулација за наводнување на дворни и земјоделски површини. Во висина од околу 10 милиона денари ова се првите проекти кои ќе бидат финансирани од Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните на општина Зрновци веднаш ќе ги почуствуваат промените и огромната подршка од централната власт, наместо досегашните опструкции и енормни кратење на финасиски сретства, стои во објавата на градоначалникот Коцев.

Сподели: