Во Зрновци прегледани над 200 пациенти во мобилната гинеколошка амбуланта

Над 200 пациенти се прегледани во рамки на проектот за бесплатен пап тест и ехо преглед на жени во руралните средини што во организација на Министерството за здравство во соработка со Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари – МАГО, Македонското лекарско друштво,  Општна Зрновци и општинскиот Црвен крст од 15 октомври се реализира на територија на Зрновци.

Пргледите ги спроведуваат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во опремена просторија со обезбедени потребни услови за таков вид на прегледи.

– Ова се активности во процесот на превенција и рана дијагноза на рак на грлото на матката кај жени. Прегледите беа спроведувани од страна на медицински тим на гиниколози од Скопје. Имајки во предвид дека здравствената заштита е една од улогите на локалните власти, на првата редовна седница на Совето за развој на Источниот плански регион ќе предложам иницијатива до Министерството за здравство ваквите акции да продолжат и со други лекарски прегледи, рече Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци.

Со работата на мобилната амбуланта се зголеми бројот на жени од ранливите групи, од руралните и оддалечените места да направат бесплатни гинеколошки прегледи и со тоа да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи.

Прегледите се најдобра заштита од рак на грлото на матката, додадоа проектните организатори.

Сподели: