Во пресрет на 23-годишнината од загинувањето на капетанот во македонската армија, Синиша Стоилов, денеска во општина Зрновци се реализираше крводарителска акција во негова чест.
По тој повод, во просториите на општинската зграда крв даруваа 8 крводарители од кои некои и за прв пат. Целта е крводарителската акција во иднина да прерасне во традиционална и помасовна.
Крводарителската акција се спроведе во соработка на Локалната самоуправа на Зрновци, Локалниот младински Совет, општинскиот Црвен крст со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Штип и Службата за трансфузиона медицина Кочани.
Како капетан во македонската армија, Синиша Стоилов загинува во вооружениот конфликт на 10 јуни 2001 година кај с. Оризаре, Кумановско.
Во чест на капетанот Стоилов, денес школото ОУ „Синиша Стоилов“ – Зрновци го носи неговото име. Синиша Стоилов посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Република Македонија.
И. Матеничарски