Во Зрновци се одржа урбан – ридски крос „Младите трчаат“ во чест на Васе Ангелов

Во организација на локалната самоуправа на Општина Зрновци и Локалниот младински Совет, денеса во Зрновци се одржа урбан – ридски крос „Младите трчаат“ во чест на сограѓанинот Васе Ангелов.

На трката учествуваа над 130 пријавени натпреварувачи од општината кои трчаа на урбано – ридска патека во должина од 2,5 километри.

Трката започна од повеќенаменското игралиште „Васе Ангелов“ низ централните улици на Зрновци до манастирот „Св. Тома“ во подножјето на планината Плачковица.

На целта први стигнаа Дејан Анакиев, Филип Андонов и Ѓорги Саканарски, додека во категоријата деца најбрзи беа Марио Стојанов, Јован Илиев и Славче Станоевски.

На победниците на трката им беа додели медали и дипломи, додека на поддржувачите на настанот благодарници за поддршката во реализација на спортскиот настан.

Од Локалната самоуправа на Зрновци и ЛМС истакнаа дека планираат трката да прерасне во традиционален спортски настан во Зрновци. Целта е  промовирање на спортувањето меѓу младите во Зрновци како и чување на споменот на сограѓаниот Васе Ангелов.

И. Матеничарски

Сподели: