Во Зрновци тешка кражба, кај „Виничка крстосница“ приведен кочанчанец кој агресивно се однесувал кон полицаец

На 11.10.2020 година во 08.35 часот во СВР Штип било пријавено дека од страна на непознат сторител е извршена тешка кражба во овоштарник, сопственост на ДООЕЛ ,,Мотекс-Зрновка“, лоциран во место викано „Убаво поле“, атар на село Зрновци, при што било одземено поголемо количество овошје.

По овластувањена Јавен обвинител увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кочани.

На 11.10.2020 во 01,20 часот на место викано „Виничка крстосница“, на магистралниот пат Штип – Делчево, атар на Виница, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(21) од Кочани, кој управувал моторно возило без регистарски ознаки, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: Дневени билтени на СВР-Штип

Сподели: