Локалната самоуправа на Општина Зрновци интензивно работи на уредување на тротоарските површини на регионалниот пат Зрновци – Кочани до Детската градинка „Бисерчиња“.

– Веднаш по подобрување на временските услови ја започнуваме градежната офанзива за 2025 година во општина Зрновци. Во завршна фаза е изградбата на ветениот тротоар кој е од витално значање како за безбедноста на пешаците така и добивање на нов урбан лик на самата институција. Веќе во Понеделник на терен започнуваме со изградба на новиот локален пат село Мородвис-Гробишта, соопшти градоначалникт на Зрновци, Борчо Коцев.

