Општина Зрновци преку изработка на основен проект ја започна постапката за изградба на нов објект Капела со површина од 200 квадратни метри.
– Согласно барањата и реалните потреби на граѓаните на општина Зрновци во изборната програма ветивме проект „Изградба на Капела во општина Зрновци“. Современ објект кој ке овозможи олеснителни услови и достојни дејствија согласно неговата намена, соопштија од Локалната самоуправа на Зрновци.
Општина Зрновци изготви основен проект со ревизија за изградба на нов објект-Капела со корисна површина од 200 метри квадратни, со финансиска конструкција на проектот од околу 15 милиони денари.
– По завршување на изборните процеси во Република Македонија ќе започнеме постапка за избор на економски оператор за изведба на проектот. Барањата и потребите на граѓаните на општина Зрновци се наш приоритет за реализирање на истите. Продолжуваме одговорно и посветено во исполнување на ветеното, истакна градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев.