Во Зрновци ќе се инсталира нов резервоар за водоснабдување со средства од Бирото за регионален развој

Локалната самоуправа на Општина Зрновци обезбеди средства за проектот „Резервоар за водоснабдување  60 кубни метри“ во износ над 2 милиони денари .

– Проктот е одобрен и финансиран од Бирото за регионален развој, при што вчера потпишавме договор со господинот Рамиз Реџепи, за реализација на проектот со кој ќе се подобри водоснабдувањето на домаќинствата и подобри услови за живот на граѓаните на Зрновци – истакнаа од Општина Зрновци.

Општина Зрновци

Сподели: