Во „Искра“ изложба на стари и нови фотографии од Кочани

Во рамки на Петровденската културно – уметничка програма, денеска во кочанската билиотеката „Искра“ беше отворена изложба на стари фотографии од Кочани и литературни дела од роднокрајни автори од Кочанско.

На изложбата се поставени 40-тина фотографии од старо Кочани кои се дел од библиотечниот архивски фонд на „Искра“ како и нови фотографии, реплики на дел од нив од денешно време.

– Празнувањето на празникот на градот Петровден беше повод да организираме изложба на стари фотографии од Кочани, кои дел од нив се создадени и пред повеќе од половина век. Тие се дел од библиотечниот материјал на „Искра“, а со помош на фотографот Александар Вржалски изработени се нови, реплики на дел од фотографиите од објектите претставени од денешен аспект. Изложбата ќе биде отворена во следните 14-тина дена при што ги повикуваме граѓаните да ја посетат и одблизу да се запознаат со историјата на Кочани низ призмата на старите фотографии. Воедно, поставени се и литературни дела од роднокрајни автори од Кочанско– истакна Кристина Ѓоргиевска Атанасова, виш библиотекар во „Искра“.

Од „Искра“  упатија апел до граѓаните кои поседуваат стари фотографии од објекти, места и случувања во Кочани да ги споделат со јавната  установа со што би придонеле кон збогатување на библиотечниот архивски материјал  и зачувани за идните генерации.

И. Матеничарски

Сподели: