Вечерва во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, беше отворена изложбата на фотопортрети „И јас сум тука“, која вклучува 20 лица со посебни потреби од Македонија, на различна возраст.

На настанот беше промовирана и книгата „И јас сум тука“, во која се сместени сите приказни на луѓето-учесници на изложбата, како и македонскиот превод на „Не престанувајте да се гушкате“ од Оса Емрот, книга со цитати на актерите од театарот „Глада Худик“,„И јас сум тука“ е дел од проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди, чиј иницијатор е театарот „Глада Худик“ од Худиксвал, Шведска, Со поддршка на шведскиот институт.

Веднаш по отварањето на изложбата, во Мултикултурниот центар, пред посетителите беше прикажан и документарниот филм „Модна ревија: Од ‘Глада Худик’ до Њујорк“ во режија на Јохан Ског, популарен филм во Шведска во кој учествуваат актерите од театарот „Глада Худик“, на кој им се остварува животниот сон да учествуваат на модна ревија во Њујорк.

Со реализација на содржините на денешниот настан и ние како библиотека се приклучуваме кон ширење на целите и пораките за општество без предрасуди, инклузија, да се смени стереотипното однесување кон луѓето со пореченост, за тоа дека сите сме исти без разлика на нашите различности. За тоа дека треба да сме тука едни за други, бидејќи само така помагајќи сите во целина стануваме подобри личности како единки од кои секој поеднинечно ќе придонесе кон подобрување на општеството во целина.
ЈОУБ „Искра“ Кочани