Во „Искра“ отворена изложба „Културно наследство од Кочани и Кочанско“

НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија-Скопје во соработка со Библиотека „ИСКРА“ – Кочани, на 25 декември 2023 година свечено ја отвори Ретроспективната изложба 2013 -2023, Културно наследство од Кочани и Кочанско во просториите на ЈОУБ „Искра“ во Кочани.

Оваа ретроспективна изложба е резултат на повеќегодишен проект, чиј носител е Советник археолог Илинка Атанасова, со кој се става акцент на афирмација,промовирање и свесноста за значењето на културното наследство од Кочани и Кочанско, со посебен осврт на културното и духовното наследство, но и на локалната традиција.

Ретроспективната изложба 2013 -2023, Културно наследство од Кочани и Кочанско содржи избор на творби на ученици и ментори создадени само во последните десет години. Направен е избор од околу 120 предмети, меѓу кои има: фотографии, платна во темпера, акрил или комбинирана техника, цртежи и декорирани керамички и стаклени садови и чаши. Овие творби се само дел од детското творештво во изминатиот период инспирирано од едукативните предавања за културното налседство на регионот.

Преку овие едукативните проекти, предавања и работилници во изминатите дваесетина поминале речиси иљада директни учесници на возраст помеѓу 4 – 20 годишна возраст и сите од нив сочувале во себе дел од наученото, но оставиле и своја трага во процесот на изучување на културното наследство на Кочанско. Така, Музејот во процесот на едукација излегува од институцијални рамки и навлегува директно во училиштата, во образовниот процес, помеѓу учениците од основните и средни училишта од Општина Кочани и Општина Зрновци, училиштето за цртање и сликање од НУЦК „Бели Мугри“ од Кочани и деца од ЈОГД „Павлина Велјанова“ – Кочани.

На овој начин на учесниците во проектот им се овозможува создавање на лична перцепција за појавата и развојот на материјалната и духовна култура и обичајната култура во Кочанскиот Регион.

Преку тематски насочени едукации се запознаваа само со еден сегмент од културното наследство на Кочанскиот Регион пример: „Идолите од Спанчево“; „Златните обетки од Оризари“, „Археолошките наоѓалишта во Кочанско“, „Споменикот на Слободата“ и слично, или со општи информации: „Прошетка низ минатото“; „Културното наследство од Кочани и Кочанско“; „Културното и духовното наследство“ и слично.Тоа е забележливо и во нивните творби.

ЈОУБ „Искра“ – Кочани

Сподели: