Во канал за наводнување пронајдено безживотното тело на Јасмина Лазарова од Оризари

Во канал за наводнување во непосредна близина на магистралниот пат Кочани-Делчево било пронајдено безживотното тело на 56 -годишната Јасмина Лазарова која беше пријавена за исчезната и се трагаше по неа.

Како што информираат од полицијата „На 17.01.2022 во 14.55 часот во полициската станица Виница било пријавено дека на место викано „Горица“, во непосредна близина на магистралниот пат Кочани-Делчево, во канал за наводнување, било пронајдено безживотното тело на Ј.Л.(56) од нас.Оризари, кочанско, за која на 11.01.2022  било пријавено дека се оддалечила од домот. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид извршила увидна екипа на ОВР Виница, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на семејството“, соопштија од СВР – Штип.

Сподели: