Во Кочани денеска гласаат болните и немоќни и лицата во изолација

Во пресрет на вториот круг на локалните избори, денеска гласаат лицата во изолација, болните и немоќни лица, како и притворениците и затворениците.

Во Кочани денеска гласаат 157 лица. За гласање се пријавени и 15 лица кои се во изолација поради Ковид – 19.

На вториот круг од локалните избори во Кочани в недела ќе се гласа на вкупно 63 избирачки места, односно 60 локации, со оглед на тоа дека три места се со помалку од десет запишани избирачи кои ќе гласаат во соседното најблиско избирачко место. 

Сподели: