Во пресрет на првиот круг од Локалните избори во Македонија денеска гласаат болните и немоќни лица, како и притворениците и затворениците.

На територијата на општина Кочани има пријавено 135 болни и изнемоштени лица кои денеска ќе гласаат во домашни услови, информираше Билјана Димовска Гичева, претседателка на Општинската изборна комисија во Кочани.
На Локалните избори во Кочани в недела, 19 октомври, ќе се гласа на вкупно 63 избирачки места, односно 59 локации, со оглед на тоа дека четири места се со помалку од десет запишани избирачи кои ќе гласаат во соседното најблиско избирачко место.

Денеска и утре во тек е предизборен молк. Избирачките места ќе бидат отворени утре во периодот од 07 до 19 ч. Право на глас во Кочани имаат 32 446 гласач. Граѓаните на Кочани ќе бираат помеѓу шест кандидати за градоначалник и девет советнички листи.
Во канцеларијата на Народниoт правобранител на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
И. Матеничарски


