Во пресрет на парламентарните и вториот круг на претседателските избори денеска гласаат лицата болните и немоќни лица, како и притворениците и затворениците.
На територијата на општина Кочани има пријавено 245 болни и изнемоштени лица кои денеска ќе гласаат во домашни услови.
На деветитте парламентарните и вториот круг од единаесетите претседателските избори во Кочани в среда, 8 мај, ќе се гласа на вкупно 63 избирачки места, односно 59 локации, со оглед на тоа дека четири места се со помалку од десет запишани избирачи кои ќе гласаат во соседното најблиско избирачко место.
Денеска и утре во тек е предизборен молк. Избирачките места ќе бидат отворени утре во периодот од 07 до 19 ч. Право на глас во Кочани имаат 32.481 гласач.
Граѓаните во текот на денот ќе можат само еднаш да дојдат на избирачкото место и да гласаат за двата вида избори или пак, само за претседателските или само за парламентарните избори. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со т.н. фингерпринт апарати.
Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.