На избирачките места во Кочани, четири часа по почетокот на гласањето, излезноста на Локалните избори изнесува 12,25 отсто.
Според податоците од Државната изборна комисија, во Кочани до 11 часот гласале 3.940 граѓани со право на глас, односно 12,25 отсто од гласачите (податоци од 62 од вкупно 63 избирачки места)
Во избирчкиот список запишани се 32.972 жители гласачи кои своето право на глас го остваруваат на 63 избирачки места.
Гласачките места во Кочани навремено беа отворени утрово во 07ч., а ќе се гласа до 19 ч.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов