Во Кочани до 17 ч. на двојните избори гласале 42 отсто од избирачите

На територија на општина Кочани своето право на глас до 17 ч. за вториот круг од претседателските и парламентарни избори го исполниле 42 отсто од гласачите.

Гласањето во Кочани поминува во фер и демократска атмосфера и нема поголеми задржувања на избирачките места. Граѓаните доаѓаат ги завршуваат формалностите пред гласањето и го остваруваат своето право на глас.

Право на глас на претседателските избори имаат 32.481 гласач, додека 32.570 гласачи се запишани во избирачкиот список за парламентарните избори. Разликата во запишаните избирачи се појавува бидејќи има избирачи кои наполниле 18 години за Парламентарните избори.

Своето демократско право граѓаните ќе можат да го остварат до 19 ч. на 63 избирачки места, односно 59 локации, со оглед на тоа дека четири места се со помалку од десет запишани избирачи кои ќе гласаат во соседното најблиско избирачко место.

Следниот пресек на излезноста на гласачите на двојните избори е во 18:30 ч.

И. Матеничарски

Сподели: