Во Кочани започна новиот циклус на ЦКА-ПХВ програмата

Ученици од основните и средните училишта од Кочани денес ја поминаа првата обука од проектот Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности во новиот циклус за 2020 година.

Во ОУ„Раде Кратовче“ ПХВ дисеминаторот на Црвен крст Кочани Христина Христова, ги запозна младинците со историјатот на Црвениот крст, неговиот настанок и дејствување, женевските конвенции и дополнителни протоколи како и компонентите на движењето.

По завршувањето на првата обука следуваат уште две обуки на кои младинците подетално ќе се запознаат со програмата и начинот на изработка на мали проекти за добробит на заедницата. По завршување на обуките младинците активно ќе дејствуваат на терен, со цел задоволување на потребите на избраните целни групи, документација на проектите и нивна успешна реализација

ЦКА-ПХВ програмата е национална програма која во Македонија се спроведува повеќе од дваесет години. Програмата има за цел регрутација на волонтери во Општинските организации на Црвен крст , помош на семејства во социјален ризик и грижа за заедницата.

И.Матеничарски

Сподели: