Во Кочани за еден ден казнети 41 возач за непочитување на сообраќајните правила и прописи

Во акциска контрола на улиците и патиштата во општина Кочани, што ја спроведе сообраќајната полиција од СВР – Штип, казнети се вкупно 41 возач за непочитување на сообраќајните правила и прописи.

– Санкционирани се 13 лица за управување возило без положен возачки испит, три за управување возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола и пет лица за користење мобилен телефон додека возеле. Една санкција е изречена за управување возило под дејство на алкохол, по две за непрописно престигнување и за возачи почетници, а шестмина возачи се казнети за неносење заштитни маски, истакна Гордана Панајотова, портпарол во СВР – Штип.

Секторот за внатрешни работи ќе продолжи со засилени акциски контроли во областа на сообраќајот и во наредните денови, а целта е да се санкционираат сите видови прекршоци, особено оние што се причина за сообраќајни незгоди со потешки последици. Контрола ќе има и за управување возила со брзина поголема од пропишаната, возење под дејство на алкохол, нерегистрирани возила и слично.

Од СВР – Штип упатија апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите со што ќе придонесат за подобрување на безбедноста на патитшата, како за заштитата личниот и животите на останатите учесници во сообраќајот.

Сподели: