Во Кочани во моментот активни се 22 случаи на заразени со Ковид-19. Во последниот извештај на Министерството за здравство, во Кочани нема регистриран новозаразен со Ковид-19, а бројот на ковид-позитивни лица во последниот период блежи благо зголемување.
Вакцинацијата против Ковид-19 во Кочани тече непрекинато. На вакциналниот пункт, се вакцинира со вакцини од производителот „Фајзер“, кинеските вакцини „Синофарм“ и „Синовак“ и „Астра Зенека“. Непрекинато тече вакцинацијата и во руралните средини каде според претходно утврден распоред се поставува мобилен пункт за вакцинација. Вакцинацијата за стари и изнемоштени лица се врши во домашни услови.
Ковид модуларната болница во Кочани е затворена и засега нема потреба од нејзино отворање. Сите пациенти се со полесна клиничка слика и се лекуваат во дошани услови, информираат од Општата болница во Кочани.
Од 16 август се воведуваат нови рестриктивни мерки поради големиот број нови случаи на Ковид-19, информираат од Владата на Р. Македонија. На настани кои се организраат на затворено ќе може да влегуваат само вакцинирани лица, а рестораните и кафулињата ќе смеат да работат само на летните тераси.
- До 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на ковид-19 мерките, со исполнетост до 40% од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила.
- За ноќните клубови, дискотеки, кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи.
- Од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.
- Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).
Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18-годишна возраст.
Од Владата велат дека надлежните инспекциски служби во претстојниот период треба да ги интензивираат контролите со цел стриктна примена и почитување на превентивните препораки, времените мерки и наредените мерки по однос на ковид-19.