Во Национална установа – Центар за култура „Бели мугри ” – Кочани вечер ќе бидат изложени делата од Меѓународната ликовна колонија „Михајлово ” 2021.
Проектот е дел од годишната програма на установата за 2021 година. Изложбата ќе биде отворена во 19 часот во Салон Фоаје 2 на Центарот за култура. Настанот ќе биде организиран согласно пропишаните протоколи за заштита од Ковид-19.