Во Кочани и Виница за еден час санкционирани 80 возачи

Министерството за внатрешни работи денеска во Кочани и Виница спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи.

Само за еден час во денешната акциска контрола во Кочани и Виница се изречени над 80 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др.

За таа цел портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во изјава на медиумите рече:

  • „Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за помалку од месец дена откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 14.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената,нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, истакна Ангеловски.

Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Кочани и Виница да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Ангеловски потенцираше дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Кочани и Виница ќе бидат презентирани утре.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: