Во Кочани кампања „Биди подготвен-користи зимска опрема“

Под мотото „Биди подготвен-користи зимска опрема“ денеска кај Автобуската станица во Кочани се реализираше кампања за задолжително користење на зимска опрема на возилата во сообаќајот.

Ученици од сообраќајната струка при СОУ „Гошо Викентиев“ заедно со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај (ПС за БПС) низ непосреден контакт со возачите, ги потсетуваат за обврската која стапи на сила, за задолжително носење зимска опрема при управувањето со моторни возила при што делеа и информативни флаери.

– Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во координација со учениците од СОУ „Гошо Викентиев“ и ОВР Кочани спроведовме акција чијашто цел е да ги потсетиме возачите и сите учесници во сообраќајот за задолжителни носење зимска опрема како и прилагодување на брзината според условите на патот, истакна Љубинка Ристова, професор во кочанското техничко училиште.

Настанот се реализираше од страна на Републичкиот и Општнскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Одделението за внатрешни работи – Кочани со поддшка на учениците од сообраќајната струка при кочанското техничко училиште „Гошо Викентиев“.

Согласно Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата од 15-ти ноември 2023 год. до 15-ти март наредната година, задолжително е поседување на пропишана зимска опрема во возилата.

Сподели: