Во Кочани маж паднал од куќа во изградба и тешко се повредил

Маж од Кочани се здобил со тешки телесни повреди додека работел на куќа во изградба, информира полицијата.

-Вчера во 15:27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 14:45 часот, при изведување на градежни работи на куќа во изградба на ул.,,Бел Камен“ во Кочани, 63-годишниот Ј.С. од Кочани паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Општата болница Кочани за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани – соопшти МВР.

Сподели: