Во Кочани отворена канцеларија за контакт со граѓаните на пратеникот Миле Лефков

Заради зголемување на учеството на граѓаните во  работата на Собранието на Република Македонија со свои предлози и сугестии, денеска во Кочани беше отворена канцеларијата за контакти со граѓаните на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Започнувајки од денес, секој нареден петок во периодот од 10:00 до 15:00 ч. , граѓаните ќе имаат можност да се сретнат со пратеникот Лефков, да разменат информации, како и да изнесат свои предлози и сугестии се со цел да се зголеми нивното учество во работата на Собранието.

-Целта на овие канцеларии е граѓаните поактивно да се вклучат во работата на Собранието на Република Македонија, да добиваат информации и од овде да покренуваа законски иницијативи, односно да дадат свои предлози и видувања за одредени проблеми што постојат во општеството – истакна Миле Лефков, пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Лефков додаде дека  доколку поради собраниска седница или работа на некои од Комисиите во Собранието  нема да има можност во одредениот ден да биде присутен во канцеларијата, граѓаните ќе имаат можност да се сретнат со неговиот асистент Зана Наковска или да се информираат на телефонскиот број 072/263-072.

Канцеларијата се наоѓа на улицата „Раде Кратовче“ бр. 1 во бараките позади зградата на Општина Кочани и ќе биде отворена секој работен ден во периодот од 10:00 до 15:00 ч.

Проектот за отворање на канцеларија за контакти со граѓаните е проект на Собранието на Република Македонија кој започна да се практикува од 2003 година и се реализира со помош на НДИ, УСАИД, ИПД и Швајцарската агенција за развој, поддржани од ЗЕЛС.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: