Во Кочани последните десет дена казнети 19 граѓани за неносење заштитна маска

Секторот за внатрешни работи Штип информира дека во периодот од 07 до 16 август на територија на општина Кочани се изречени 19 глоби  за лица кои не носеле заштитна маска на лицето. Воедно на подрачјето на СВР Штип во истиот временски приод казнети се 278 граѓани со глоба во износ од 20 евра.

Задолжителното носење на заштитна маска стапи на сила од 23.04.2020 со  Уредбата со законска сила за носење лична заштита заради спречување на ширењето и сузбивање на заразната болест.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со болеста Ковид-19. 

И.Матеничарски

Сподели: