Во Кочани по 23. пат – Меѓународен меморијален турнир „Легендите на Спартак“

Боречкиот клуб „Спартак“ денеска  во Спортската сала во ООУ „Никола Карев“ – Кочани беше домаќин на 23. издание на Меѓународниот меморијален турнир „Легендите на Спартак“.

На турнирот што традиционално се организира во Кочани настапија домашни и странски борачи во пионерска конкуренција, во машка и женска категорија.

– На турнирот настапуваат стотина натпреварувачи од Македонија и Бугарија. Турнирот е наменет претежно за пионери во машка и женска конкуренција. Имаме десет категории во машка и две во женска конкуренција. Натпреварувањето е по УВВ правилата, а за најдобрите на турнирот обезбедени се пригодни награди, истакна Гоце Ангелов, секретар на БК „Спартак“.

Организаторите на турнирот на најдобрите борачи доделија медали како и пехари во категориите најдобар борач на турнирот, најдобар домашен и странски борач и најдобар техничар.

Од Боречкиот клуб „Спартак“ доделија признанија на помагатели на турнирот што помогнаа во реализација на традиционалниот боречки спортски настан во Кочани.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: