Во Кочани приведени шест лица поради непочитување на полицискиот час

Првата ноќ од полицискиот час во Кочани од слобода се лишени 6 лица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Кочанската полиција во времетрање на полицискиот час опоменила и неколку граѓани кои не ја почитувале забраната за движење, по што истите веднаш се упатиле кон своите домови.

Во Виница пак регистриран е еден прекршок за непочитување на мерката полициски час, но прекршителот успеал да им избега на полицијата. Министерот Наќе Чулев на денешната прес-конференција изјави дека се работи на пронаоѓање на лицето.

Вкупно во Македонија уапсени се 18 лица од кои најголем дел се од Кочани.

И.Матеничарски

Сподели: