Пред членовите, некогашните претседатели и раководители на ЛК ,,Копнеж”, членови на нивните семејства, некогашни и сегашни вработени и директори на ЈОУ Библиотека ,,Искра”, претставници на Општина Кочани, соработници и поддржувачи и љубители на пишаниот збор, денес, беше промовирана монографијата ,,60 години ЛК Копнеж”.
Минатата, 2024 година се навршија 60 години од формирањето на ЛК „Копнеж“, за што како библиотека во чии рамки и во чиј состав работи и функционира клубот, бевме должни и ни претставуваше чест да ја издадеме, а во оваа прилика да ја промовираме монографијата „60 години ЛК Копнеж“.

Со издавањето на монографијата ја одбележуваме шеесетгодишнината од неговото формирање, јубилеј достоен за почит. Со издавањето на монографијата како сведок на шестдецениското постоење, изразуваме огромна благодарност кон сите досегашни членови, претседатели и раководители на клубот, сите досегашни и сегашни вработени во ЈОУ Библиотека „Искра“, и сите кои со својот ентузијазам и ангажирање, поддршка и поттик, придонесоа овој книжевен клуб да стане познат и признат културен субјект во Кочани и пошироко.

Неколкугодишната идеја од страна на група поклоници на музиката и поезијата за формирање на литературен клуб се остварува во далечната 1964 година, во просториите на ЈОУБ „Искра“. За негов прв претседател бил избран Борис Серафимов.
Во годината на ододбележувањето на јубилејот, 60 години од неговото формирање и работење, на 7 септември 2024 година на Литературниот клуб „Копнеж“ по втор пат беше доделена Седмосептемвриската награда „За значајни остварувања за развој на Општина Кочани“ од страна на Општина Кочани.

Во текот на шестдецениското постоење, долг е списокот на членови во ЛК Копнеж. Највозрасниот член, тетка Љубинка Давидоска има 85 години, додека најмладиот член 12 години. Старосната структура се менувала, поминати се многу генерации, дел од младите кои биле активни, по патеките на сопствените образовни и животни текови продолжиле во други насоки, но и голем дел од нив продолжиле да творат, пишуваат или во најмала рака да се занимаваат професионално или не, со литературата и со пишаниот збор.
Исто така се менуваат и раководните структури кои произлегуваат од редот на вработените во библиотеката.
Прв назначен раководител на клубот бил Димитар Гогов. Тој е еден од основачите на литературниот клуб „Копнеж“ и негов раководител до 1992 година.
Илија Захариев е роден го раководел Клубот од 1992 до 1999 година.
Вангелија Цавкова на 9 септември 1999 година ја прими должноста, се до 2022 година.
Покрај нив како раководители на „Копнеж“ огромен е придонесот во неговото функционирање од сите досегашни и сегашни вработени и сите директори на во ЈОУ Библиотеката „Искра“.

Долг е списокот на лицата пои како претседатели заедно со раководителите на Клубот ја планирале и организирале работата. Од основањето до денес претседателската функција ја вршелеЧ Борис Среафимов, Димитар Гогов, Слободан Арсов, Љубинка Давидовска, Киро Герасимов, Атанас Георгиев, Доне Донев, Кирчо Гаџев, Симеон Иванов Канго, Ванчо Арсов, Славица Цветкова, Ленче Стоименова, Тоше Илиев, Ивана Атанасова. Актуелен претседател е Раче Мицов.
ЈОУБ „Искра“ – Кочани