Во Кочани реализирана младинска крводарителска акција

Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска во Спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ ја реализираше најавената младинска крводарителска акција.

На акцијата која траеше од изутрина до напладне, крв даруваа 23 крводарители меѓу кои средношколци, студенти и млади лица од општината.

– Крводарителската акција имаше за цел промовирање на крводарителството кај младата популација и стимулирање на младите лица активно да се вклучат во обезбедувањето на доволно количество на крвни резерви во заедницата – соопштија од Црвен крст – Кочани.

Акцијата се спроведе со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Штип.

Од Црвен крст – Кочани најавија дека до крајот на календарската година се планира да се организира уште една младинска крводарителска акција.

Воедно ја искористија приликата да информираат дека следниот четврток, на 28 април во просториите на Црвен крст – Кочани ќе се спроведе планираната редовна акција за дарување на крв наменета за граѓанството.

И. Матеничарски

Сподели: