Во Кочани се одржа втората урбана трка „Rotary Run“

Над 270 учесници се натпреваруваа на втората урбана трка „Rotary Run“ што во организација на Ротари клубот „Кочани – Виница“ денеска се одржа низ кочанските улици.

Учесниците се натпреваруваа во три категории во машка и женска конкуренција на кружна патека на 5 и 10 километри наменети за поединци или тимови како и фамилијарна трка во должина од 2.5 километри на истата траса.

Трката започна од пред Центарот за култура „Бели Мугри“ на кружна патека по булеварот „Тодосија Паунов“, улиците „Никола Карев“, „Маршал Тито“ и „Кеј на револуцијата.

– Учесниците трчаат во три категории, на 2.5 км. фамилијарна трка на  5  и 10 километри во машка и женска конкуренција. Имаме учесници од цела Македонија и олимпијци од нашата држава. Организацијата е на Ротари клубот „Кочани – Виница“ со поддршка на УСАИД, Фондацијата за локален развој – Штип и други спонзори. Се надеваме дека догодина ќе ја реализираме повторно и ќе има меѓународен признак, истакна Сашко Андонов, претседател на Ротари клуб „Кочани – Виница“.

Во машка конкуренција на трката од 10 километри првото место му припадна на Дарио Ивановски, вторпласиран беше Мартин Трајановски и треттото место му припадна на Миле Бачевски и двајцата од  АК „Коранерс“

Во женска конкуренција на трката од 10 километри првото место го освои  Тамара Јолеска Попов од АК „Атомик“, второто место и припадна на Маја Рајчина и третопласирана беше припадна Јулијана Смилевска.

На 5 километри во машка конкуренција првопласиран беше Григоријан Никовски од АК „Делта“, второто место му припадна на Ристо Чалков и третопласиран беше Столе Ангеловски .

Во женска конкуренција на 5 километри првото место и припадна на Анастасија Христова, второто место на Марија Пеликон и третопласирана беше Ана Пендовска.

Во фамилијарната конкуренција најуспешни беа Николчо Костадинов и Панче Саздов.

Секој учесник на трката доби медал за учество, додека победниците во трите категории плакета и парични награди.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: