Во Кочани се одржа Државното првенство во борење за јуниори/ки до 20 години

Во организација на Боречката федерација на Македонија и техничка организација на БК „Спратак“ – Кочани денеска во Спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ се одржа Државното првенство во борење во слободен стил за јуниори и јуниорки до 20 години.

На првенството настапија осумдесетина натпреварувачи во машка и женска конкуренција, од девет клубови од државата распоредени во десет натпреварувачи категории.

– Кочани по подолг период денеска е домаќин на Државното првенство во борење за јуниори и јуниорки до 20 години. Согласно постигнатите резултати во екипен пласман, во машка конкуренција најдобра беше екипата на „Балканец“ – Штип, по неа следува екипата на „Лирија“ – Скопје и екипно треттопласирана е екипата на „Бучим“ – Радовиш. Во женска конкуренција, првото место и припадна на екипата на „Вардар“ -Скопје, второпласирана е екипата на „7-Мај“ – Прилеп и третото место екипно и припадна на девојчињата од „Бучим“ – Радовиш, истакна Гоце Ангелов, судија на првенството и секретар на БК „Спартак“.

Боречкиот клуб „Спартак“ на Државното првенство настапи со свои натпреварувачи и се закити со медали во машка и женска конкуренија. Првото место во женска конкуренција во категоријата до 57 кг. и припадна на борачката Марија Христова, додека во категоријата до 92 кг. во машка конкуренција третопласиран беше Андреј Петков и двајцата борачи на „Спартак“. Петар Иванов во категоријата до 86 килограми беше петти.

За утре, 20 март, недела, со почеток од 11 ч. во Спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ ќе се одржи уште еден спортски настан во борење, Државното првентво во борење за пионери и пионерки до 15 години.

И. Матеничарски

Сподели: