Во Кочани се одржа првиот Меморијален шаховски трунир  „Тодор Милосиев – Тошо“

Во знак на сеќавање на еден од најгоемите шахисти во Кочани, Тодор Милосиев – Тошо во Кочани се одржа првиот Mеморијален шаховски турнир во организација на Шаховскиот клуб „Кочани“.

Шеснаесет шахисти од најразлични возрасти одиграа меѓусебни шаховски партии во чест на нивниот учител Милосиев. На турнирот кој имаше натпреварувачки карактер беа доделени пехари за освоено прво, второ и третто место како и парични награди за најмладите.

– На турнирот се одиграа вкупно 7 кола, по швајцарски систем на натпреварување на кој учествуваа шеснасет шахисти од најразлични возрасти. Најуспешен на турнирот, со најмногу победи беше шахистот Гоце Георгиев, второпласиран Гоце Стојчев и треттото место му припадна на Мите Петрушев. Организаторот на првите тројца натпреварувачи им додели пехари, додека скромни парични награди добија  Матеј Диванисов како најмлад шахист и Јована Давиткова како единствено девојче шахистка на турнирот – истакнаа од ШК „Кочани“.

Наградите на најуспешните на турнирот лично ги врачи ќерката на Милосиев, Марија Георгиева  која воедно ја искористи приликата да се заблагодари на организаторите за негувањето на споменот за нејзиниот татко како и на Општина Кочани за поддршката во реализација на турнирот.

Како увертира на првиот меморијален турнир „Тодор Милосиев – Тошо“ вчера во просториите на Шаховскиот клуб „Кочани“ беа одржани младински шаховски средби на надежни шахисти од општината.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: