Кочани вчера беше домаќин на првиот Act different – Графити фест 2022 – Кочани во организација на младите кочански уметници Томислав Јовановски и Иван Галев.
За време на петчасовниот уметнички настан што се одржа во дворот на гимназијата „Љупчо Сантов“ , уметници од Кочани, Скопје и Куманово изработија шест графити на ѕидот на спортската сала „Сашо Лазарев Чапо“.
– Идејата на првиот Act different fest има за цел да промовира ваков тип на улична уметност во средината на нашето живеење. Ова е прв ваков настан што се организира во нашиот град и во иднина се планира да прерасне во традиција. Целта е на некои подзаборавени простори со помош на уличната уметност да им се даде нов изглед, нова димензија и уметнички лик, преку дела изработени од млади ентузијасти, професионалци и љубители на уличната графит уметност– истакнаа организаторите на настанот.
Организаторите упатија благодарност до СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани за поддршката во реализација на настанот. Настанот беше збогатен и со настап на DJ Lex.
И. Матеничарски