Во Кочани се одржа третиот меморијален турнир во шах „Тодор Милосиев-Тошо“

Денеска во просториите на Шаховскиот клуб „Кочани“ се одржа Третиот меморијален турнир во шах „Тодор Милосиев-Тошо“.

На турнирот во чест на кочанската шаховска легенда и шаховски педагог, Милосиев, настапија 24 шахисти на возраст од 9 до 77 години од Кочани, Свети Николе и Скопје.

Првото место на турнирот го освои Ѓорги Петров, на второ место се најде Јоцо Колев, а третото место го освои Ванчо Петров.

Пехарите на најуспешните им ги додели градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.

Највозрасниот учесник Михаил Стефанов и најмладиот гостин на турнирот Емануел Ангеловски добија шаховски табли, а за сите учесници ШК „Кочани“ обезбеди медали.

Меморијалниот шаховски турнир се реализира со финансиска поддршка од Општина Кочани.

Сподели: