Во Кочани се одржа Форумот на градоначалници „Успешни заедно“

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов учествуваше на Форумот на градоначалници „Успешни заедно“, што се одржа денеска во Кочани, во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

Пред учесниците на Форумот – градоначалниците од двaесетина општини од државата, беше потенцирана клучната улога на градоначалникот во унапредување на општинското работење, начините за искористување техничка помош од Проектот и  можностите за постигнување согласност за посветеност и вклученост на општинската администрација во спроведување на техничката помош.

На Форумот се дискутираше и за тимскиот пристап во зголемувањето на општинските приходи од сопствени извори и истражување на можностите за надворешно финансирање, како и за поддршката за унапредување на процесот на децентрализација.

Сподели: