Вчера, во Мултикултурниот центар во Кочани, ЈОУ библиотека ,,Искра” Кочани го реализираше и последниот настан – Средношколски парламент во библиотека, во рамките на проектот по повод 2 април, Меѓународниот ден на книжевноста за деца.
На истиот се дебатираше на тема ,,Предностите на читањето книга во печатена форма наспрема читањето книга на електронски уред”.
Активно учество, со искажување и бранење на своите размислувања и тврдења зедоа учениците од двете средни училишта во градот, СОУ ,,Љупчо Сантов”Кочани и СОУ ,,Гошо Викентиев” Кочани, под менторство на наставниците Александар Димитров и Марија Соколова.
Со свои стручни излагања учествуваа проф.д-р Кирил Барбареев, проф.д-р Јованка Денкова и проф.д-р Ана Витанова Рингачева.Присутни на настанот беа ученици од ОУ,,Раде Кратовче” Кочани, ОУ,,Крсте П.Мисирков” Оризари и учениците активисти кои се дел од тимот на Ким Ко Инфо од ОУ ,,Св.Кирил и Методиј”- Кочани.
Со ова беше затворена фестивалската програма, која има своја тринаесетгодишна реализација досега.
Координатор на програмата, библиотекар советник, Магдалена Кочовска – Салтирова.