Кочани изминатата недела беше домаќин на еднонеделна обука за тренери и судии во борење на кој учествуваа 40 тренери од боречки клубови и 15 судии од земјава обучувани од познати едукатори од Хрватска и Бугарија.
Обуката се состоеше од теоретски и и практични активности на душек преку кои се учеа ги базичните, но и напредните нивоа за новитетите во правилата на борењето.
– Задоволни сме што за обуката добивме врвни познавачи на борењето од светски ранг со оглед што едукатор за тренерите е поранешниот бугарски шампион Георги Средков, а едукатор за судиите е Давор Петањек од Хрватска. На сликовит и практичен начин тие на учесниците на обуката им ги доближуваат и разјаснуваат вештините и правилата во пристапот, однесувањето на душекот и водењето на борбата. Особено нè радува што нашите тренери и судии максимално се вклучени и се трудат да стекнат повеќе знаења за да можат понатаму да им ги пренесат на борачите. Наша цел е да успееме да го издигнеме борењето во нашата држава на повисоко ниво, со примена на новите трендови што важат во светото, истакна Драгана Савева, секретарка во Боречката федерација на Република Македонија.
На крајот од седумдневната обука се одржа практичен дел со тестирање на стекнатите знаења, а учесниците добија меѓународно признати сертификати од Светската боречка федерација.
Еднонедлната обука ја организираше Боречката федерација на Република Македонија (БФРМ) во соработка со Светската боречка асоцијаија (УВВ) и Македонскиот олимписки комитет.
И. Матеничарски