Во Кочани 5 активни случаи на коронавирус, денес нема новозаразени

Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти и тоа во: Скопје-6, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Виница-1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58-годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај.

Во изминатите 24 часа, како што се посочува, направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1,622, бројката на оздравени пациенти е 1.112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419. Последната дистрибуција по градови е:
– Скопје – 538, активни 131
– Куманово – 408, активни 63

– Дебар – 51,
– Штип-35, активни 2

– Прилеп –173, активни 65

– Тетово – 108, активни 53

– Струга – 67, активни 16

-Велес – 107, активни 51т

– Битола –22, активни 3

– Охрид –15, активни 9

– Кавадарци – 5, активни 1
– Гостивар –18, активни 4
– Гевгелија – 4,

– Струмица – 2,
– Крива Паланка- 6, активни 2

– Радовиш – 4,
– Крушево – 3,

– Кочани – 31, активни 5
– Пробиштип – 2,
– Кичево – 2, активни 1
– Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
– Демир Хисар – 1,

– Македонски Брод – 2,
– Пехчево- 3, активни 2

– Делчево-1, активни 1

– Валандово -1, активни 1
– Виница – 2,
– Кратово-1, активни 1
– Берово-1, активни 1

Направените 411 теста се преку: ИЈЗ –248, Ветеринарен факултет -13, Авицена –14, Биотек -42, Клиника „Жан Митрев“ –48, Систина со PCR метода  -27 и МАНУ -19.  Досега во земјата се направени вкупно 18.821 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се тројца пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани се 39. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација се тројца пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се тројца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 17. На респираторна машина се тројца пациенти и уште двајца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани тројца пациенти сомнителни на Ковид, а на домашно лекување се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани  пет пациенти, а уште еден пациент се следи на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, и Тетово сe хоспитализирани 57 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Сподели: