Во Кочани во моментот има 60 активни случаи на заразени со Ковид 19, информираат од Министерството за здравство.
Во последните 24 часа потврдени се 632 нови случаи на Ковид-19, од кои 470 во Скопје. Регистрирани се 35 случаи во Охрид, Прилеп – 25, Кавадарци и Штип – по 17, Струмица – 14, Велес – 10, Гевгелија – 9 и 5 во Кичево.
Потоа, регистрирани се 4 случаи на Ковид-19 во Неготино, Куманово – 3, Тетово, Битола, Гостивар, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Богданци – по 2 и по 1 во Кочани, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница и Пробиштип.
Регистрирани сe 248 оздравени пациенти, односно од Скопје – 142, Битола – 22, Кавадарци – 13, Охрид – 10, Прилеп – 7, Куманово – 6, Штип, Струмица, Велес и Гевгелија – по 5, Валандово, Ресен и Македонски Брод – по 4, Тетово, Богданци и Берово – по 3, Дојран – 2 и по 1 од Кичево, Неготино, Струга, Кочани и Делчево.