Во кочанската болница опремен Кабинет за преглед на дојка како донација од „Амфенол Технолоџи Македонија“

Кочанската oпшта болница го пушти во употреба новоопремениот кабинет за преглед на дојка, како донација од компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“.

Станува збор за опремена просторија во рамки на одделот за радиологија при кочанската болница во кој прегледи за мамографија и ехо на дојка ќе се вршат на пациентки од Кочани и поширокиот регион.

– Станува збор за Кабинет за преглед на дојка, дониран од „Амфенол Технолоџи Македонија“. Преку опремениот кабинет ќе се вршат прегледи при што ќе се превенира и рано откривање на рак на дојка кај жените.  Донацијата се вклопува во одбележување на месецот октомври – розовиот месец за подигање на свеста за важноста на прегледите и превенција на карциномот на дојка, истакна Д-р. Кристина Серафимова, директорка на кочанската општа болница.

Од кочанската болница соопштија дека имаат обучен кадар – радиолог при што во најскоро време преку матичните лекари и системот Мој термин граѓаните ќе може да закажуваат прегледи на дојка.

Директорот на  „Амфенол Технолоџи Македонија“, Сашко Наков соопшти дека донацијата е во рамки на одбележување на 11-тиот роденден на компанијата.

– Имаме успешна соработка со болницата во Кочани и ова е уште една донација за болницата и граѓаните.  Во разговор со менаџментот на болницата утврдивме дека приоритет е опремување на ваков кабинет.  Како компанија  наша цел е грижа и за сите граѓани од регионот. Се надевам дека донацијата ќе се користи и ќе биде од корист на болницата, истакна Наков.

Во рамки на роденденот, „Амфенол Технолоџија Македонија“ донираше дидактички средства за детските градинки во општините Зрновци и Чешиново-Облешево, автобуски постојки во општините од регионот, како и донација за доброволните пожарникари од Кочани.

Фото: A. Арсов

Сподели: