Во кругот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани денеска започна расчистувањето на просторот на кој ќе се гради платформа со приклучоци за струја, вода и канализација на која ќе се постави модуларната монтажна болница за нега на ковид пациенти.
Со поставувањето на монтажната болница во кругот на Општата болница во Кочани ќе се обезбедни соодветен третман и тријажа на пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19, без притоа да се наруши редовното работење на болницата како и здравјето на другите пациенти.
Општина Кочани ја презема обврската за изградбата на платформа, за што со измена на годишниот план за јавни набавки од локалниот буџет обезбедени се средства во износ од 3.389.800 денари. Поставувањето и изградбата на модуларната монтажна болница со сите потребни елементи и медицински апарати е на финансиски терет на Министерството за здравство.
Монтажната болница за нега на ковид пациенти беше најавена од Министерството за здравство уште во месец јули, а нејзината изградба по неколкумесечно доцнење е на подвидок.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов