Во кругот на ТППЕ – Кочани презентирано противпожарното возило, донација од Општина Крањ

Во кругот на Територијалната противпожарна единица во Кочани денеска пред медиумите беше презентирано противпожарното возило со скала,  што ТППЕ – Кочани го обезбеди како донација од Противпожарната служба на Крањ и Општина Крањ, (Република Словенија).

Станува збор за возило марка „Магерус“ со тежина  22 тона, а истото освен опремата за гаснење пожари во пониските делови на објектите располага и со сакала долга 30 метри наменета за интервенции на  повисоките катови на станбените згради како и посебан опрема за евакуација на лица.

– Возилото е марка „Магерус“ за наши потреби, запалени станови на висококатници. Возилото има скала во должина од 30 метра и е функционално и исправно. За да го добиеме ова возило беа вклучени повеќе луѓе, Игор Велов наш сограѓанин кој живее и работи во Крањ и кој лобираше за да го добиеме ова возило. Исто така, околу донацијата помогна и колегата Влатко Јефтимов, а целокупната логистика, поддршка, транспорт и документации беше од страната на градоначалникот Илијев.Сакам да се заблагодарам од мое име и од име на нашата единица и се надевам дека со ова возило нашата општина има голема придобивка, рече Благој Паунов, командир на ТППЕ Кочани.

Градоначалникот на Општина Кочани,  Николчо Илијев искажа благодарност до граѓаните и градоначалникот  на Општина Крањ (Словенија)  за донацијата со која се збогатува возниот парк  и се подобрува квалитетот на интеревенции на Територијалната поротивпожарна единица – Кочани.

Противпожарното возило е прво од ваков тип во возниот парк на ТППЕ – Кочани, а пожарникари ќе добијат дополнителна обука за негово користење.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: