На 26.04.2024 во 12.00 часот во ОВР Кочани, сопственик на менувачница во Кочани пријавил дека на околу 11.45 часот во менувачницата, едно лице за проверка дало 6 (шест) сомнителни банкноти, од кои една банкнота во апоени од 100 евра и 5 банкноти во апоени од по 50 евра.
Полициски службеници од ОВР Кочани ги одзеле сомнителните банкноти за понатамошна постапка.
Се работи на расчистување на случајот.
СВР-Штип