Во месноста Прокарка започна изградбата на улицата „Стефка Тасева“

Почна пробивањето на улици во месноста Прокарка, на влезот во Кочани. Механизацијата врши ископ и трасирање на улицата „Стефка Тасева“, која треба да се поврзе со  „Петар Синадинов“ и со ул. „Скопска“.

Со средства од Проектот за подобрување на општинските услуги, во Прокарка ќе се продолжи и со градба на улиците „Скоевска“и „555“, односно ќе бидат асфалтирани вкупно 770 метри, со што ќе се создадат услови за поинтензивна градба и урбан лик на влезот во градот.

Едновремено, во Оризари се работи на кракот од улицата „АСНОМ“, долг 203 метри.Во Тркање течат работите на улицата „Борис Ефтимов“ (334 м) и на крак од „Маршал Тито“ (150 м). Градежните работи ги изведува фирмата „Ленди груп“, избрана согласно критериумите и процедурите на Светска банка.

Со одобрените средства од Меѓународната банка за обнова и развој, од компонентата Општински инвестиции ќе се асфалтираат и улиците: „Кирил и Методиј“, „Искра“ и „560“ во Кочани и уштедва крака на „Раде Кратовче“ во Оризари.На дел од нив е предвидена и изградба на атмосферска канализација, потпорни ѕидови и тротоари.

Од вкупно единаесетте улици од Проектот за подобрување на општинските услуги, шест се во градот Кочани, а пет улици во руралните области.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial