Во Облешево автомобил излетал од пат-едно лице повредено

На 26.01.2020 во 17.55 часот на магистралниот пат Штип – Делчево, во атар на с.Облешево, патничко возило „пежо 206“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.К.(37) од с.Чифлик, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во ЈЗУ Кочани за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Извор: Дневен билтен МВР

Сподели: