Во одводен канал кај с. Спанчево пронајдено тело на починат маж

Во одводен канал во атарот на селото Спанчево вчера било пронајдено тело на починато машко лице.

Како што информираат од полицијата „на 12.06.2021 во 09.07 часот во СВР Штип било пријавено дека во одводен канал на м.в.„Вотење“, атар на с.Спанчево, бил пронајдено починато машко лице. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид извршиле увидна екипа од Полициска станица Кочани и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција, стои во соопштението на СВР – Штип.

Извор: Дневен билтен на СВР – Штип

Сподели: