До Општинската изборна комисија во Кочани вкупно 180 болни и изнемоштени лица поднеле барање за гласање во домашни услови на претстојните локални избори. ОИК заедно со лекар специјалист на седница ќе ја разгледа поднесената лекарска документација за да утврди дали пријавените лица ги исполнуваат предвидените услови за гласање.
Во сабота, пред изборниот ден, освен болни и изменоштени лица под посебни здравствени протоколи ќе гласаат и Ковид позитивните лица и лицата во изолација, а до ОИК во Кочани за гласање пријавени се 9 лица.
Од Општинската изборна комисија информираат дека успешно се завршени обуките за членови на избирачките одбори, а во следните денови се очекува да пристигне и доверливиот и недоверлив материјал за гласање. Во Кочани има вкупно 63 избирачки места, а в недела ќе се гласа на 60 локации, бидејки избирачките места со запишани до 10 избирачи ќе гласаат во соседното најблиско избирачко место.
На 17 октомври, на локалните избори, во Македонија за гласање прв пат ќе бидат употребени т.н. финерпринт апарати, односно читачи на отисок од прст за биометриска идентификација на гласачите. Уредот ги чита отпечатоците на прстите и се обидува да најде совпаѓање со отпечатоците во електронскиот Избирачки список за сите гласачи запишани на тоа гласачко место.
И. Матеничарски